Свет

Францускиот милијардер Франсоа – Хенри Пино, сопругот на Салма Хаек донира 100 милиони евра за обновувањето на Нотр Дам

Сопругот на познатата глумица која во моментов во Ровињ го снима својот најнов филм, вети дека ќе издвои 100 милиони евра за обнова на катедралата Нотр Дам, која синоќа беше проголтана од пламените јазици.

Бизнисменот Пино ова го изјави неколку часа откако изби пожарот и почна сериозно да ја уништува катедралата стара 850 години, еден од најзначајните симболи на Париз.

Бизнисменот решил да донира откако францускиот претседател Емануел Макрон синоќа даде емотивна изјава во која рече дека од денеска ќе покрене акција за прибирање средства за обнова на оваа вредна знаменитост. Притоа Макрон додал дека ќе ги ангажира најдобрите уметници, архитекти и реставратори во светот.

Франсоа – Хенри Пино на светската јавност и’ е познат како сопруг на Салма Хаек, но тој е мултимилионер, шеф на Керинг групацијата која е сопственик на брендовите како Гучи и Ив Сен Лорен.

Пино е во брак со американско -мексиканската актерка од 2009 година.

Препорачуваме:

РЕГИОНХрватска ги отвори границите, но со придржување до препораките

Сузана Мицева

Варшава: Русија претставува егзистенционална закана

Турција почна воена операција против курдските бунтовници во Ирак

Сузана Мицева