Свет

Покрената истрага за пожарот во Нотр Дам во Париз

Париското Обвинителство почна истрага за пожарот кој вечерва избувна во средновековната катедрала Нотр Дам во Париз.

Неофицијално се претпоставува дека пожарот е поврзан со реновирањето на катедралата.

– Сè гори, ништо нема да остане, изјави портпаролот на Нотр Дам Андре Фино.

Заменикот градоначалник на Париз Емануел Грегоар изјави дека специјални тимови се обидуваат да ги спасат уметничките и други непроценливи дела кои се наоѓаат во катедралата. Тој оцени дека Богородичната црква претрпела „колосална штета“.

Новинарот на Фигаро известува дека во близина на пожарот се собираат луѓе кои плачат и се прегрнуваат.

Препорачуваме:

Македонските брачни другари најмногу паѓале на јазичниот тест за германска виза

Сузана Мицева

Во Србија ќе може да се патува без да се тестираат на КОВИД 19

Сузана Мицева

Написи на македонски јазик на грчките плажи

Сузана Мицева