Спорт

Ѓоко Хаџиевски си замина од Беласица

Стратегот на струмичките сино бели Ѓоко Хаџиевски си поднесе оставка од функцијата шеф на стручниот штаб на Беласица. Реши да се повлече од функцијата во заеднички договор со управата на струмичани откако на последните две домашни средби против Силекс и Победа синобелите освоија само бод. На тој начин тие останаа во опасната зона и си ја компликуваа битката за опстанок

„Мислам дека после овие два натпревари во кои не успеавме да победиме, не можам повеќе да придонесам за целите на Беласица во оваа сезона. Затоа во договор со сопственикот решив да се повлечам од тренерската позиција и комплетно од клубот. Беласица се уште има реални шанси за да обезбеди опстанок, можеби оваа промена ќе придонесе тимот малку да се размрда во позитивна насока“, изјави Ѓоко Хаџиевски

Препорачуваме:

Видео – Тиверијанки ги надиграа шампионките, Истатов испратен во Дојран со 7:1

Ване Трајков

Струмичкото дерби за Наковски волеј, Виктори немаше сила за пресврт

Интервју со Кирил Панов – Со упорност и работа ќе стигнам во Барселона, но не сум по шпанките туку по струмичанки

Ване Трајков