Регион

Градинката „Детска радост“ ги подобрува условите и во Клоновите 3 и 6

Покрај поставувањето на термо фасада во Клонот 4, истовремено се работи на подобрување на условите и во останатите клонови на градинката „Детска радост“ во Струмица. Во Клонот 3 се врши заменување на старите со нови електрични апарати. Извршена е набавка на еден професионален електричен шпорет и професионална машина за перење, а во Клонот 6 еден професионален електричен шпорет. Вкупната вредност на овие електрични апарати изнесува 533.867 денари со ДДВ, обезбедени од буџетот на општина Струмица. Оваа цена е постигната на електронската аукција по постапката бр. 56/2015 година во која најдобра понуда достави ДПТИ „Еурефи Инжинеринг“ ДООЕЛ од Скопје.

Препорачуваме:

Апанажите мора да се укинат или да се сведат на минимум,бараат од ЦИВИЛ

Стојне Митева

Педијатриското одделение во струмичката болница оставено со само двајца специјалисти

Приведен разбојник од Радовиш

Ване Трајков