Регион

Везилка од Блаже Коневски е инспирација за карневалската маска на ЗГ,,Струма,,

Учесниците сметаат дека струмичкиот карневал е автентичен по рачно изработените маски кои со векови наназат го карактеризираат истиот.Сметаат дека ќе се изгуби автентичноста доколку на истиот се почесто се појавуваат маски кои се купуваат а не изработуваат.

Две бои таму ти горат и капат, две шарки твои- црвена и црна. Е извадок од легендарната Везилка од Блаже Коневски.

Црвената и црната боите препознатливи за Везилка се и основните бои во маската кој интензивно деновиве се израбптува од Здружението струма за големиот Струмички карневал.Своерачно со многу детали,почнувајку од основното одело преку шапките,јаките па и обувките макотрпно со идеа Везилката да биде отсликана,30тината учесници на дефилето на главната карневалска вечер ќе се обидат да ја презентираат.Почнувајки од традицијата па се до современите нишки истата да биде препознатлива и уникатна.

Одржувањето на Струмичкиот карневал е поврзан со празникот Прочка, односно Велигден. Годинава главното интернационално дефиле ќе се одржи на 12 март.

Карневалското славје ќе почне на 11 март со традиционалниот маскембал на кој се избираат принцот и принцезата кои ќе ја предводат поворката на главната вечер. Завршните активности се врзани за празникот Тримери и тримерската посна трпеза. Годинава се очекува да продефилираат 40 маски од земјава и 16 маски од странство.

Препорачуваме:

Јакнење на мултиетничка соработка во образованието

Стојне Митева

Фолкорен концерт во Сушево

Министерот Спасовски на седница на Локалниот совет за превенција на Дојран

Ване Трајков