Забава

Тајните на камениот град Петра во Јордан

Низ историјата, градот Петра во Јордан бил од голема географска важност со оглед дека се наоѓа помеѓу Црвеното и Мртвото Море, па затоа бил важен и за Египќаните, Арапите и Феничаните. Исто така, тој бил важно место и за транспорт на кинеската свила, како и индиските зачини. За овој град се познати одредени информации, но главно се знае малку. Токму оние малку познати факти ни ја откриваат мистеријата на овој изгубен град.
Град со многу тајни
Овој град, врежан во карпа, се уште е релативно неоткриен. Ова не значи дека градот е непознат туку станува збор за тоа дека досега археолозите истражиле само 15 проценти од локалитетот, а остатокот се уште е под земја. Значи, кој знае што друго во иднина ќе биде пронајдено тука…
Името на градот
Тоа доаѓа од грчкиот збор “петрос“, кој го преведуваме како “карпа“. Очигледно, со оглед дека Петра е всушност град врежан во карпи.
Место на кралските гробови
Петра е дом на 800 гробови, исто така познати како “кралски гробови“. Најпознат од нив е, секако, Ал-Казне.
Откривањето на Петра
Градот бил откриен од страна на швајцарскиот истражувач Јохан Лудвиг Буркхарт во 1812 година. Поради тоа што бил непознат речиси пет века, често се нарекува “изгубениот град“.
Град кој е невозможно да се нападне
Петра бил изграден така што речиси е невозможно да се нападне. Имено, за да влезете во него треба да поминете низ крајно тесен кањон, висок до осум метри и долг еден километар.
Местото кое поврзува
Низ историјата, градот бил од голема географска важност. Се наоѓа помеѓу Црвеното и Мртвото Море, па затоа бил важен за Египќаните, Арапите и Феничаните. Исто така, тоа било важно место за транспорт на кинеска свила и индиски зачини.
Холивуд
Се разбира, Петра била атрактивна и за продуцентите во Холивуд, па така и најпознатите филмови биле снимени тука: “Враќањето на мумијата“ и “Индијана Џонс и последната крстоносна војна“. Филмот “Индијана Џонс“ на градот му донел огромна популарност.
Дел од светското наследство
Со оглед на историското и културното значење на градбите, од 1985 УНЕСКО го вклучува на Листата на светското наследство.
Број на жители
Се верува дека тука живееле околу 30 илјади луѓе. Со оглед на тоа дека театарот во Петра можел да прими од 5 до 8 илјади луѓе, може да се каже дека во античките времиња многу се вложувало во културата.
Историја
Петра е напуштен древен град во денешен Јордан. Се наоѓа на планинска долина на источниот дел во Види Араба, во која се преклопуваат патиштата кон Газа на запад, Бостра и Дамаск на север, Ејлат на Црвено море и Персискиот залив од другата страна на пустината. На 6 декември 1985 Петра е вклучена во Списокот на светското културно и природно наследство на УНЕСКО. Петра е едно од новите седум светски чуда.
Историјата на градот најтесно е поврзана со Набатејците, но поради недостаток од пишани докази, може да се утврди од фрагментите во Библијата и од грчки и римски извори. Според Библијата, областа на Петра е населена од хоритите, но не е сигурно, дали самиот град се споменува во Стариот завет. Најстарите археолошкии остатоци од ископувањата датираат околу 6 век пр.н.е. Иако е познато дека во антиката бил главен град на Набатејците, нема многу сознанија за тоа како бил нарекуван од Семитите. Во елинистичкиот период бил познат под името Петра (карпа).
Како дел од Источната Римска империја, околу 630 Петра била освоена од муслиманите. За време на Ерусалимското кралство она што останало од градот е заземено од кралот Балдуин I, а под контрола на крстоносците останува се до 1189 година.

Препорачуваме:

Домот за деца и млади „Благој Мучето“ ги додели наградите од ликовно-литературниот конкурс по повод 8 Март

Сузана Мицева

Вечерва, Фестивал на детски песнички „Вртелешка“

Сузана Мицева

Урнебесно видео -Кога поголемиот брат му помага на помалиот да излезе од креветчето

Dimitar Micev