Регион

Само уште пет дена можете да ги пријавувате дополнителните приходи. Досега во Струмица се поднесени околу 8000 даночни пријави.

Неполна недела за пријавување на дополнителните приходи. Само уште пет дена, граѓаните имаат можност да ги достават годишните даночни пријави. 15 март е крајниот рок за пријавување на остварени дополнителни приходи за 2015 година. Последните податоци на Управата за јавни приходи покажуваат дека досега во Струмица се поднесени околу 8000 даночни пријави.

Задолжително поднесете Годишна даночна пријава најдоцна до 15-ти Март 2016 година, доколку во измината 2015 година, сте оствариле дополнителни приходи, односно освен плата или пензија или приход од земјоделска/самостојна дејност, сте оствариле и приходи од: кирии (издавање на имот – закуп или подзакуп); авторски права; индустриска сопственост; исплатена дивиденда; капитална добивка од продажба на учество во капитал и недвижен имот; добивка од награднa игрa во износ поголем од 5.000 денари; приходи остварени од игри на среќа преку специјализирани странски интернет страни; лични примања од странство;  приходи остварени преку интернет (е-трговија; услуги извршени преку специјализирани страни; поставување на реклами на сопствени интернет страни; и други дополнителни приходи, надвор од вашата редовна плата или пензија.

 

Пријавите се вршат во една од канцелариите на Управата за јавни приходи, лично или преку физичка или електронска пошта. Формуларите може да се отпечатат од веб страната на УЈП, а да се достават на шалтерите во подрачните единици или да се испратат по пошта. Пријавата може да се пополни и директно на интернет за оние кои се регистрирани на системот е-даноци. Оние кои нема да достават пријави, а оствариле дополнителни приходи ќе се соочат со парични казни кои се движат од 100 до 200 Евра во денарска противвредност.

Препорачуваме:

Преку илјада граѓани ја дочекаа Нова година на гевгелискиот плоштад

Сузана Мицева

Градоначалникот Јаневски ги моли струмичани да останат дома

Dimitar Micev

Видео: Една година од пожарот во Глобал

Сузана Мицева