Регион

За најдобра истражувачка сторија од регионот , новинарката Сузана Мицева со награда од ЗНМ

Здружението на новинари на Македонија (ЗНМ) денеска на одбележувањето на 73-годишнината од работењето ги додели годишните награди за најдобри новинарски стории за 2018 година.
Годинава, првпат беа доделени две награди за новинарски стории од локален и регионален карактер со цел да се поттикне истражувачкото новинарство во локалните медиуми.
Наградени се Сузана Мицева за прилозите за раководителот на хидросистемот Ѓавато во Богданци кој боледуваше во канцеларија, објавени на телевизија „Телма“ и Светлана Дарудова, дописник на МИА за нејзината сторија за недоволната грижа за децата со пречки во развојот во Неготино.
Наградата за најдобра истражувачката сторија ја добија новинарот Сунај Сабриоски од ТВ 24 за неговиот серијал на прилози за продажбата на атрактивното земјиште спроти Градскиот трговски центар и на новинарката Ирена Мулачка од „Фокус“ за серијалот за приватната установа за заштита на возрасни лица во Радишани.
Наградата за животно дело „Крсте Петков Мисирков“ и беше врачена на Менче Атанасова-Точи од ТВ Нова, која на своите постари колеги им порача да работат со помладите за се врати квалитетот во новинарството.
На конкурсот на ЗНМ годинава имало 27 апликации, а како што рече претседателот на ЗНМ Младен Чадиковски, радува фактот дека за наградите конкурираат млади новинари што значи дека новинарството има иднина.

Според него, предизвиците со кои се соочува новинарската фела и на кои треба да се работи се дезинформациите во медиумите и подигнувањето на професионалните стандарди во новинарството.
Фондот за првите четири награди е две илјади евра кои се обезбедени со поддршка на Стопанската комора на Македонија.

Препорачуваме:

„Струмички лангрдии“ музичко-сценски перформанс на гимназијалците

Гужви на Богородица-се чека до еден час

Сузана Мицева

Времената депонија кај Гевгелија ќе добива струја од фотоволтаични панели

Стојне Митева