Свет

Вонредна состојба во цела Унгарија заради бегалската криза

Унгарската влада ќе ја прошири вонредната состојба на подрчјето на целата земја заради бегалската криза, пренесува АП повикувајќи се на министерот за внатреши работи Шандор Пинтер.

Пинтер рекол дека овие мерки, вклучувајќи ги и дополнителните полициски и воени патроли за да се спречи влегувањето на бегалците во земјата, се потребни бидејќи не е сигурно што ќе сторат бегалците кои не можат да влезат во земјите на Европската унија.

Унгарските власти прогласија вонредна состојба во неколку жупании долж границата со Србија и Хрватска и на тој начин значајно го намалија бројот на бегалци кои влегоа во земјата на патот кон Германија и другите земји од западна Европа.

Пинтер рекол дека се уште нема потреба од подигање на ограда кон границата со Романија бидејќи властите на таа земја дале ветување дека ќе го спречат влегувањето на бегалците во Унгарија преку заедничката граница.

Унгарската полиција во вторникот уапсила 127 бегалци кои влегле во земјата преку оградата на границата со Србија, наведува агенцијата.

Препорачуваме:

Ковачевски, Мицотакис, Петков и Вучиќ ќе го означат почетокот на градењето на гасоводот Алексадрополис

Сузана Мицева

Купувале храна со поминат рок, па го менувале датумот на употреба, уапсени 27 лица во ЕУ

Ѓ. K.

Високо ниво на канцерогена супстанца е откриено во чипс произведен во Србија

Ѓ. K.