Регион

Изложба Карневалска фотографија

На 10 март 2016 година, четврток, со почеток во 19:00 часот, во НУЦК „Антон Панов“ Струмица, здружението „Евро – визија“ ќе ја отвори осмата по ред групна изложба на фотографии, која официјално се случува секоја година за време на карневалските денови во Струмица.

По претходно објавен конкурс на кој се пријавија 30тина фотографи, со повеќе од 200 фотографии – дел од истите ќе бидат застапени со нивните фотографии направени за време на минатогодишното издание на Струмичкиот карневал. Најуспешните ќе бидат наградени.

Отворена покана до сите љубители на убавата, егзотична, еуфорична фотографија да ја проследат осмата по ред изложба на фотографии и со тоа да се започне прославата и да се даде позитивна енергија на познатите Струмичките карневалски денови!

Препорачуваме:

Полицијата ќе ги засили контролите врз непрописно паркираните возила

Караванот на УСАИД во Струмица- Славиме 30 години партнерство

Јапонската амбасадорка во посета на Валандово по донираниот ровокопач за комуналното претпријатие

Ване Трајков