Спорт

Живковиќ – Очекувам Беласица да слави но и ако изгубиме нема да биде катастрофа !

Беласица како новајлија во Првата лига, шампионатот го започна со минимален пораз во Прилеп од Победа. Но сега сите мисли се свртени кон мечот со ,,пандевци,, кој се игра во недела на стадионот Младост во 17 часот. Шефот на стручниот штаб кој на недела дена дојде на кормилото кај струмичките сино бели очекува тимот да одигра многу подобро од Прилеп и да слави против Академија Пандев, но  според него не смее да биде катастрофа и ако се изгуби оти тимот бил во подговотвки и селекција на вистинскиот состав
,, Очекувам мојата екипа да биде подобра во однос на мечот од првото коло а дали тоа ќе биде доволно за победа???….Искрено се надевам дека ќе биде доволно, но нема да биде катастрофа и ако не го добиеме тој меч. Ние сме тим кој сеуште е во фаза на ,,подготовка и селекција,, тим кој привикнува на потребите на новиот тренер и тоа никогаш не оди толку лесно и брзо,, вели Марјан Живковиќ стратегот на Беласица  пред неделното прво фудбалско соочување со А. Пандев
Според Живковиќ  победник ќе биде тимот што ке направи помалку грешки и на располагање му стојат речиси сите играчи во кои има максимална доверба
,,Градското дерби ќе го реши желбата за победа и кој ќе направи помалку грешки. И двата тима ја посакуваме победата и тоа мислам дека е доволно да има добар натпревар со навивачи на двата тима. Проблем имаме со повредениот Стојков но во другите играчи имам потполна доверба,, истакна за ВИС Спорт Марјан Живковиќ

Препорачуваме:

Под рефлектори Беласица – Победа 1:1

Ване Трајков

ФК Брера со свој Фан шоп во центарот на Струмица – во петок ќе го отвори Горан Пандев

Ѓ. K.

Подобри услови за женскиот фудбал

Сузана Мицева