Свет

Голем шок за Хилари Клинтон – Берни Сандерс ја однесе победата на предизборите во Мичиген

Сите анкети прогнозираа нејзина уверлива победа, но вчера следеше голем шок за Хилари Клинтон – победа на предизборите во америчката сојузна држава Мичиген однесе Берни Сандерс.

Ова би можело да биде голем решавачки момент – имено, меинстрим медиумите до вчера го отпишуваа Сандерс и покрај фактот дека и се приближува на Хилари Клинтон како и фактот дека на своја страна ја има поддршката на поголемиот дел млади луѓе во САД. Но, после неговата вчерашна спектакуларна победа во Мичиген(држава која носи голем број делегати, дури 130) и водечките медиуми ќе мораат да го прифатат фактот дека Сандерс и е озбилен ривал на Хилари Клинтон, а таа би можела озбилно да се загрижи за сопствената кандидатура.

Имено, ако анкетите толку погрешија во Мичиген, што ќе се случи идните предизбори каде, наводно, се очекува подеда на Хилари? Сандерс има големи шанси, а Хилари не може да се одбрани од фактот дека таа е кандидатка на Волстрит, што кај гласачите не проаѓа баш најдобро.

Меинстрим медиумите, кои до сега беа уверени дека Хилари победува, сега агресивно ќе му се нафрлат на Сандерс. Како пример Вашингтон Пост, еден од највлијателните медиуми во САД, во текот на вчерашниот дена објави дури 16 текста кои се негативни кон Сандерс(!).

Но, кампањата на Сандерс изгледа несоприлива и има огромна поддршка од независните медиуми. Идните денови ќе се одржат уште важни предизбори кои додатно ќе ја загрозат положбата на Хилари Клинтон.

Во текот на вчерашните предизбори Хилари однесе победа во јужната сојузна држава Мисисипи, но веќе се знаеше дека тоа ќе биде нејзина победа, а и Мисисипи носи далеку помалку делегати(36).

Вчера се одржани и републиканските предизбори во овие држави и таму уверливи победи однесе Доналд Трамп.

Препорачуваме:

Шолц и Макрон бараат од Путин преговори со Зеленски и ослободување на 2.500 борци

Ване Трајков

„Дојче банк“ укинува 18 илјади работни места до 2022 година

Поради коронавирусот погодени 81 отсто од светската работна сила

Сузана Мицева