Регион

Протокот на мигранти на јужната граница без промени-се чекаат насоки од ЕУ

Македонија чека насоки од Европската Унија за понатамошниот проток на мигранти на јужната граница. Од утрово нема промени во пропуштањето на мигранти на преминот кај каменот 59.

Исто како и претходните денови, границата е делумно затворена, а во текот на 24 часа во земјата влегуваат од 200 до 300 лица. Оние луѓе што повеќе од две недели се заглавени на грчка страна сеуште протестираат пред оградата и бараат да се отворат границите, бидејќи условите во кампот се неиздржливи.

Контролата на граничниот премин ја вршат мешани полициски патроли од шест држави чии полицајци се помош при обзбедувањето на македонско-грчката граница. Притоа проверките за влез сеуште се со увид на документацијата што ја носат бегалците, потврда од грчката полиција и лични документи.

Нема бионметриски податоци со земање отпечатоци, систем кој долго се највуваше но никако да стигне до македонија. Контролата се сведува на умешноста и искуството ан полицијата која од око треба да ги распознае фалсификуваните документи од оригиналите. Иако биометарскиот систем го бараа земјите од балканската рута заради унифицирана база на податоци и требаше да биде испорачан уште пред две недели, за него се’ помалку се зборува.

Препорачуваме:

И најмалите жители на Прдејци добија ново детско игралиште

Ѓ. K.

Приведени две лица во радовишко, полицијата кај нив пронашла марихуана

Ване Трајков

ПРОДОЛЖУВА РЕАЛИЗАЦИЈАТА НА ИНФРАСТРУКТУРНИТЕ ПРОЕКТИ ВО ГЕВГЕЛИЈА

Стојне Митева