Свет

Холандскиот парламент го блокира отворањето на пристапните преговори на Албанија со Европската Унија во пресрет на самитот на ЕУ следната недела.

На тој самит Тирана требаше да добие одобрение за започнување на преговорите за членство.

Повеќе од половина од пратениците, 76 од 150, вклучувајќи ги и оние што ја поддржуваат владата на премиерот Марк Руте, го блокираа почетокот на преговорите на Албанија со ЕУ поради сериозна загриженост во врска со борбата против корупцијата, пренесува порталот „Еуроактив“.

Почетокот на преговорите за членство на Албанија и на Македонија во ЕУ го поддржаа социјалдемократите и зелените, кои имаат 33 пратеници. Тие ценат дека овие балкански земји посветено работат на владеењето на правото, борбата против корупцијата и криминалот и имаат јасна перспектива за членство.

Пратеникот на демохристијаните, Мартин ван Хелверт, рече дека Холандија го согледува растечкото влијание на Русија и Кина на Западен Балкан, но тоа не е причина да се прави компромис за критериумите за членство.

„Еуроактив“ наведува дека во случајот на Македонија, која постигна договор со Грција за спорот за името, не е сигурно дека земјата на самитот ќе добие одобрение за почеток на пристапните преговори бидејќи Франција би можела да ја блокира таквата одлука.

Советот на ЕУ за општи работи в понеделник и во вторник ќе ја разгледува можноста за почеток на пристапните преговори на Албанија и Македонија, како и отворање нови поглавја во преговорите со Србија. В четврток и в петок е состанокот на шефовите на држави и влади на земјите членки на Унијата.

 извор:www.makfax.com.mk

Препорачуваме:

РЕГИОНХрватска ги отвори границите, но со придржување до препораките

Сузана Мицева

Камерон вчера ја објавил неговата даночна евиденција

Dimitar Micev

Гутереш: Една петина од човештвото може да биде осиромашено поради кризата во Украина

Сузана Мицева