Забава

Шест едноставни трикови со кои ќе внесувате помалку калории

Редовното вежбање и здравата исхрана се добитна комбинација за слабеење и одржување на здрава и вита линија. Наместо да се изгладнувате, важно е да согорувате повеќе калории отколку што внесувате.

Со овие совети на нутриционистката Сузан Нибергал, може да направите измени на вашите прехранбени навики со кои ќе внесувате помалку калории, а тоа нема ни да го забележите.

Гответе дома

Многу е важно да имате целосна контрола врз начинот на кој ја готвите и јадете храната. Кога сами си ја готвите храната, може да изберете точно кои намирници ќе ги внесете и во каква состојба.

Користете помали садови

Кога ќе ставите помала порција во помала чинија, вашиот ум мисли дека ви треба уште храна. „Измамете го“ со тоа што ќе користите помали садови и ќе ви се чини дека јадете повеќе.

Ограничете го лебот

Во зависност од оброкот, лебот навистина може да биде непотребен вишок. Ако се научите да јадете дел од јадењата без леб, тука намалувате 300 до 500 калории по оброк. Чувајте го лебот за ужина или за појадок, во комбинација со домашно направени намази како хумус. Избрете интегрален или ‘ржан леб.

Пијалоци без калории

Наместо слатки, газирани пијалаци изберете минерална вода со лимон или природен сок. Научете се да го пиете кафето црно, без засладувач или крем.

Користете зачини, не преливи

Преливите и сосовите, особено оние готови во шише или тегла, се полни со калории и конзерванси. Зачините го подобруваат вкусот на храната без дополнителните калории.

Зеленчук и уште зеленчук

Речиси сите видови зекленчук се нискокалорични. Кога ќе ставите повеќе видови зеленчук во чинијата и ќе ја наполните со вкусови и бои, нема да посегнете по калорични грицки.

извор:www.kajgana.com.mkhttps://kajgana.com/shest-ednostavni-trikovi-so-koi-kje-vnesuvate-pomalku-kalorii

Препорачуваме:

Театарската претстава „Пат околу светот“ на фестивал за деца и млади во Штип

Сузана Мицева

Првомајски совети за совршено испечено месо на скара

Сузана Мицева

Рокот за аплицирање на годишните конкурси за културата истекува за четири дена

Сузана Мицева