Спорт

Дени Масев именуван за спортски директор на македонската фудбалска репрезентација

Струмичанецот Дени Масев е избран за спортски директор на македонската фудбалска А репрезентација. УО на ФФМ на денешната седница даде зелено светло и го назначи поранешниот фудбалски репрезентативец кој потекнува од школата на Беласица а кариерата ја продолжи во Вардар и Работнички да биде спортски директор на селекцијата предводена од неговито другар и фудбалски колега Горан Пандев.
Тој по денешниот избор изрази благодарност до УО на ФФМ и селекторот на А репрезентацијата и подвлече дека ќе даде максимум Македонија во Лигата на нации да го освои првото место во групата но посакува и пласман на Европско

,, Со голем дел од фудбалерите во составот од македонската репрезентација се познаваме одлично, дел од кариерата ја минавме заедно во Беласица и Вардар. Имам добра комуникација со сите, убеден сум дека тој однос дополнително ќе го надградиме со целата екипа. Драго ми е што во тимот има одлична енергија, тоа го видовме сите, не само поради добрите резултати во последната година, туку и заради поврзаноста меѓу фудбалерите и нивниот однос кон дресот со државен грб,, рече Масев

 

,,Имаме одлична репрезентација и добри поединци предводени од капитенот Пандев. Во Лигата на Нации имаме голема шанса и сметам дека сме способни за прво место во групата. Потоа се е можно. Секако дека посакуваме историски резултат и пласман на Европско првенство. Тоа со оваа репрезетнација ни недостасува. Сите сме тука за таа цел, да направиме нешто големо“вели Масев по преземањето на новата функција.

Препорачуваме:

Пандевци кикснаа кај Ренова, за 12 минути примија 3 гола за трет пораз

ОК Струмица жени со реакција за судиите на третата средба од финалната серија со Работнички

Ѓ. K.

Актуелни и поранешни репрезентативци во Дојран започнаа курс за тренери

Ѓ. K.