Регион

Седларци-едно од најорганизираните села во општина Василево

Седларци се наога во подножјето на планината Еленица, на левата страна од регионалниот пат Струмица-Радовиш-Штип, на надморска височина од 320 метри. Денешното село има старо потекло. Се споменува уште во средниот век, во 1395 година и тоа со името Седларци. Топонимот на населбата е изведен од општата именка „седлар“ во значење на „лице кое се занимава со изработка на седла за добиток“, и од наставката „ци“. На пример работоспособните жители на денешно Седларци, изработувале седла за војничките коњи. Оттука , според легендата, потекнува и името на село Седларци.

Со тек на времето, Седларци се развива и прераснува во прекрасна населба за живеење. Асфалтирани се повеќе улици, има водовод, канализација,училиште, црква, а од неодамна во селото беше отворено и повеќенаменско игралиште за жителите од овој крај. Тие отсекогаш се грижеле за доброто на месното население, биле сложни и заеднички ги решавале проблемите во селото. За тоа говори и фактот што со сопствени средства имаат изградено водовод .

Порано во Седларци се одгледувало памук и афион. Но со тек на времето, овие култури умираат, па сега жителите од ова село се насочени главно кон одгледување на тутун и жито.

Денес во Седларци живеат околу 350 жители и има повеќе од 90 домаќинства.

Препорачуваме:

ПОГЛЕД(Н)И – прва самостојна изложба на фотографии од Никола Станишлевиќ

Ѓ. K.

Струмичките пожарникари гаснеле запалена трева и трски во Моноспитско блато и спасиле куче заглавено во шахта

Ѓ. K.

Нови цени на бензините од вечерва на полноќ

Ване Трајков