Регион

Ги откопувале починатите им го земале златото и продавале во струмички златари

Починатите во Струмица без вечен спокој.Гробари ги откопувале им го ваделе златото и повторно закопувале.Свр Струмица поднесе Кривична пријава против двајца гробари, Р.Т. (36) од Струмица и Г.П. (47) од Штип, со привремен престој во Струмица, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „сквернавење на умрен“.

Како што денеска информираат од полицијата, гробарите вработени во погребален оператор во Струмица, одземале златен накит од гробовите. Двајцата гробари при ископи на стари гробови поради закоп на други починати лица на истото гробно место го одземале накитот кои го пронаоѓале, а потоа го продавале на неколку златари во Струмица.

При претрес во домот на пријавените биле пронајдени биле две откупни белешки за откуп на злато од златара. Во разговор со полициски служебници пријавените ги посочиле гробовите од каде го одземале златото.

Препорачуваме:

Голем број верници се поклонија на моштите на Св. Василиј во црквата Св. Кирил и Методиј

Ване Трајков

Истрага на МВР за потеклото на хуманитарните пакети од семејството Заеви

Сузана Мицева

Гимназијата „Јане Сандански“ го одбележа својот патрон

Ѓ. K.