Автор: Даниел Ѓоргиев

Плоштадот „Гоце Делчев“ ноќеска бил мета на вандалско однесување

. Непознати сторители искршиле и расфрлале повеќе жардинерии со цвеќе. Јавното претпријатие за комунални дејности „Комуналец“ и општина Струмица се згрозени од ваквиот чин и апелираат да престане вандалското однесување кон урбаната опрема. Наместо да ја уништуваме, да ја чуваме затоа што таа е наша, заедничка, која ни ја разубавува средината во која што живееме. Сподели:TweetLike this:Ми се допаѓа...

Read More

Борут Пахор повторно избран за претседател на Словенија

По вториот круг на претседателските избори во Словенија,досегашниот претседател Борут Пахор го освои својот втор претседателски мандат, јавуваат агенциите. Тој врз основа на 50 отсто од преброените гласови освоил 53,64 отсто од гласовите, соопшти словенечката изборна комисија. Неговиот противник, градоначалникот на Камник Марјан Шарец, освои 46,36 отсто од гласовите и го призна поразот. Сподели:TweetLike this:Ми се допаѓа...

Read More

„Hand in Hand hurricane relief benefit“славни личности од светот се обединија за да се соберат што повеќе средства за настраданите од ураганите Ирма и Харви

Познатите личности од светот на шоубизнисот се обединија со една и единствена цел , а тоа е да се соберат средства за настраданите од од ураганите Ирма и Харви. За време на едночасовната хуманитарна емисија „Hand in Hand hurricane relief benefit“ беа донирани 14 милиони долари, а досега сумата достигна до 44 милиони долари. Леонардо Дикаприо, Опра, Бијонсе, Шер, Џеј Лено, Гвен Стефани, Џорџ Клуни, Стиви Вондер, Џастин Тимберлејк, Џастин Бибер, Брус Вилис, Џаред Лето, Никол Кидман, Рис Витерспун, Џулија Робертс, Софија Вергара, Кејт Хадсон, Том Хенкс, Рита Вилсон, Стивен Колберт, Роберт Де Ниро, Џејми Фокс и Метју Меконахи...

Read More

Поскапуваат горивата

Бензините и дизелот од ноќеска на полноќ поскапуваат за еден денар по литар, одлучи денеска Регулаторната комисија за енергетика (РКЕ). Со одлуката се врши зголемување на рафинериските и на малопродажните цени на нафтените деривати во просек за 3,58, односно 2,28 отсто. Новата малопродажна цена на ЕУРОСУПЕР БС-95 ќе изнесува 62 денари за литар, ЕУРОСУПЕР БС-98 ќе се продава за 63,5, а ЕУРОДИЗЕЛ (Д-Е V) за 48 денари за литар. Со одлуката на РКЕ за 1,5 денари за литар се зголемува малопродажната цена на Екстра лесното масло за домаќинство (ЕЛ-1) и ќе изнесува 37 денари, додека мазутот М-1 НС поскапува...

Read More

Поради натпреварот Манчестер и Реал Мадрид – посебен сообраќаен режим

Поради натпреварот има посебен сообраќаен режим и посебен режим на движење на пешаци во близина на стадионот, просторот во Градскиот парк во Скопје, од ресторанот „Томче Софка“ до ресторанот „Уранија“ и на Кејот на Вардар од пешачкиот мост во близина на Луна паркот до паркот на Франкофонија, соопштуваат од ФФМ. На овој простор ќе се пропуштаат само луѓе со соодветни акредитации. Министерството за внатрешни работи соопшти дека ќе биде затворен за сообраќај и за пешаци потегот од крстосницата на улиците „Аминта Трети“ (поранешна „Ленинова“) и „Јордан Хаџи Константинов-Џинот“ од понеделник наутро до вторник доцна вечерта. На денот на натпреварот,...

Read More

Детскиот фестивал ЈО-ЈО – премиерно на ТВ Канал Вис во Сабота во 15 часот…

Гледачите на Тв Канал Вис ќе имаат можност оваа сабота со почеток во 15 часот да го погледнат премиерно 4 то издание на Јо-Јо фестивалот 20017 година.Не пропуштајте оваа можност…. Сподели:TweetLike this:Ми се допаѓа...

Read More

Во несреќа на авион,загинаа 16 американски војници

16 американски војници загинале во несреќа на голем товарен авион. Првично беше соопштено за осум жртви, пренесе Си-Ен-Ен. Машината „Ц 130 – Херкул“ се разби во северниот дел на американската сојузна држава Мисисипи. Авионот извршувал рутинска мисија. Паднал на 300 километри од аеродромот, што полетал. Причините за несреќата не се познати. Авионот се урнал во близина на автопат, но за среќа на земја нема повредени. Сподели:TweetLike this:Ми се допаѓа...

Read More

Претставници на општина Струмица учествуваа на завршната конференција „Културни акции за унапредување на општините“

Претставници на општина Струмица учествуваа на завршната конференција на тема „Културни акции за унапредување на општините“, а во рамките на проектот „Граѓанско учество за локална демократија“ која што се одржа во Скопје. Општина Струмица е дел од овој проект, а на конференцијата Софче Јанева од Одделението за локален економски развој ги презентираше заклучоците за усвоените Локална стратегија и Акциски план за култура 2017-2020. Проектот се реализираше со поддршка на Фондацијата Отворено општество – Македонија и здружението на граѓани Центар за развој на локалната демократија од Скопје, а финансиран преку инструмент за претпристапна помош од Европската Унија. Со изготвувањето на...

Read More

Ивана Трамп-поранешната сопруга на Доналд Трамп се откажа од амбасадорското место

Поранешната сопруга на американскиот претседател Доналд Трамп, Ивана Трамп, се откажа од барањето да биде американски амбасадор во Прага. Иако Трамп таа функција ѝ ја понуди на поранешната сопруга, сепак на Ивана Трамп и се чинело дека тоа ќе биде премногу работа за неа, а со ова откажување таа го разбесне претседателот на Чешка Милош Земан. „Навистина се налутив. Ако имав стап кај себе ќе следеше истата сцена како со чешкиот премиер. Требаше да застане зад она што го кажа и да чувствува одговорност кон земјата од која потекнува. А таа кукавички бега од одговорноста“, минатата ноќ за телевизија...

Read More
Facebook Auto Publish Powered By : XYZScripts.com
%d bloggers like this: