Автор: Стојне Митева

Нема ниту денар од ветените пари на предходната власт за опремување на новиот крак на ЈЗУ Општа болница- Струмица

Новото раководство на општа болница Струмица тврди дека нема никаква најава од парите која ги вети предходната власт за набавка на ентериоерното уредување во новиот крак.Директорот на болницата вели дека ниту ја заварил сметката со пари , ниту има најава за отпуштање на некакви пари. Новиот крак на болницата требаше официјално да профункционира оваа пролет, активностите на терен налагаат одложување. Како ќе се реши опремувањето на новиот крак каде ќе бидат сместени сите хирушки сали , но и новиот ургентен ценатр останува да го решат раководството на болницата и министерството за здравство а во интерес на сите граѓани и...

Read More

211 лица регистрирани во Струмица со грип

211 лица регистрирани во Струмица со грип.Епидемиолозите велат дека се очекува наредната недела бројот рапидно да расте.Здравствените амбулантите во Струмица се преполни со пациенти а матичните лекари реферират до Центарот за Јавно здравје со бројка секој вторник.Најпогодени и годинава се најмалите како и повозрасните лица. Во однос на минатата сезона кога биле регистрирани 386 заболени, постои зголемување на бројот на заболени во 6-тата недела за 7,7 пати.На ниво на Македонија бројката на регистрирани пациенти со грип е речиси 3 илјади. Најголем број заболени – 1.650 се пријавени во најголемата возрасна група од 15 до 64 години, а кај децата...

Read More

Воспоставување на стратешка соработка помеѓу РЕЦ и Општина Дојран

Шефот на мисијата на РЕЦ во Македонија, г. Игор Славкоски и градоначалникот на Дојран, г. Анго Ангов потпишаа договор за воспоставување на стратешка соработка помеѓу РЕЦ и Општина Дојран во спроведување на веќе тековни, но и идни проекти за зачувување на природните вредности на Дојранското Езеро. „Имајќи предвид дека Дојранско Езеро е прогласен за споменик на природата во 2011 година, самото тоа ни носи големи обврски и одговорности, кои што со потпишувањето на меморандумот ќе се придонесе за заштитување на еко- системот на Дојранското Езеро“- изјави градоначалникот на Општина Дојран, господинот Анго Ангов. „Тоа значи дека заедно со Општина...

Read More

54 метри атмосферска канализација поставена во Нова Маала

Во населеното место Нова Маала беше поставена атмосферска канализација од вкупно 54 метри со цел да се спречи во иднина поплавување и нанесување на штети на локалните улици во селото. Општина Василево во соработка со граѓаните ке продолжи и во иднина со вакви мали но многу важни проекти за населените места. Сподели:TweetLike this:Ми се допаѓа...

Read More

Јануарските сметки за комунални услуги во општина Гевгелија ќе бидат пониски за 2 денари

Јануарските сметки за комунални услуги во општина Гевгелија ќе бидат пониски, бидејќи ќе ги содржат само потрошувачката на вода за пиење и за одведување на отпадните води. А, тоа значи дека јануарските сметки за овие комунални услуги во споредба со декемвриските ќе бидат за 2 денари пониски. Советот на општина Гевгелија, на последната седница минатата година, врз основа на пресметките и утврдените рамки од Регулаторната комисија одлучи овие комунални услуги наместо досегашните 19,14 денаридаизнесуваат 17,62 денари. Војануарскитесметкинемадабидевклученапотрошувачкатазапречистувањенаотпаднитеводи. Во ЈПКД„Комуналец“ објаснуваат дека оваа услуга не е воведена, бидејќи процесните гаранции во јануари не биле завршени. Имено, согласно договорите за изведба...

Read More

Струмичани најостро ги осудуваат барањата на економските експерти за зголемување на старосната граница за пензионирање

Струмичани најостро ги осудуваат барањата на економските експерти за зголемување на старосната граница за пензионирање.Велат дека работниот век е и онака голем,младите се без работа а повозрасните со секоја одмината година се се понеспособни за квалитетно извршување на работните ангажмани.Експертите бараат итни реформи. Според институтот за економски истражувања „Finance Think“, неминовно е да се оди подоцна во пензија, односно жените на 64, а мажите на 66 години. Исто така, тие сметаат дека треба да се зголеми и придонесот за пензиско осигурување од сегашните 18% на 22 отсто и да се зголеми границата за семејна пензија и пензија со бенефициран...

Read More

Ќе одговараат ли и двајцата гинеколози исто колку и анестезиологот обвинети за смртта на родилката и бебето во гевгелиската болница

Одговгорност мора да има , оти има жртви.Сопругот на починатата родилка и нејзното бебе во гевгелиската болница , сеуште низ судските сали ја бара правдата за неговата Маја и бебе.Веле дека бара кајстрога казна за лекрите кои се обвинети . Болницата во Гевгелија имала услови за рутинска работа , но не и за во услови на криза, стои во извештајот на вештото лице кое на последното рочиште даде исказ.Во анестезиолошкиот дел од работата отстапка имало затоа што интубацијата не прекинала по третиот неуспешен обид.Еден од гинеколозите според вештакот, имал претстава во какви услови работи болницата. Адвокатите на гениколозите на...

Read More

Градоначалникот Јаневски им оддаде почит на жртвите во Куклиш

Во населеното место Куклиш беа одбележани 187 години од првото опожарување, 114 години од второто и 106 години од третото опожарување. По тој повод пред Спомен костурницата се одржа панихида за жртвите во 1831, 1904, 1912 и во Втората светска војна. На одбележувањето присуствуваа и свежо цвеќе положија претставници на општина Струмица, предводени од градоначалникот Коста Јаневски. Сподели:TweetLike this:Ми се допаѓа...

Read More

Во послените 7 дена од околу 18 до 21 часот Струмица се вбројува во еден од најзагадените градови во земјава

Мерната станица во Струмица , со резултати дека во послените 7 дена од околу 18 до 21 часот Струмица се вбројува во еден од најзагадените градови во земјава.Параметрите од станицата покажуваат варијации во текот на едно деноноќие. Именно во утринските часови ПМ честичките паѓаат и под 50 микрограми, додека пак кога е најкритично достигнуваат и над 180 кои се вбројуваат во највисоко ниво на згаденост. Општинските инспектори по животна средина за само неколку дена регистрираа низа неправилности кај стопански објекти кои нерационално користат средства за затоплување, но и производство во нивните капацитети. Фактите укажуваат дека загадувањето во Струмица е...

Read More

Општина Гевгелија ќе донира огрев за социјално загрозени лица

Општина Гевгелија и годинава донираше огревно дрво за социјално загрозените лица во општината. На секој граѓанин – корисник на постојана парична помош ќе им биде даден по еден метар кубен огревно дрво. Станува збор за 42 лица, кои согласно евиденцијата на Меѓуопштинскиот центар за социјална работа се корисници на постојана парична помош. ЈП Македонски шуми -ПЕ„Кожуф“ во Гевгелија веќе започна со испораката на донираното огревно дрво на корисниците. Сподели:TweetLike this:Ми се допаѓа...

Read More
Facebook Auto Publish Powered By : XYZScripts.com
%d bloggers like this: