Автор: Јулија Граматикова

Меѓународната струмичка ликовна колонија ќе биде збогатена со уште 50-тина нови дела

Меѓународната струмичка ликовна колонија и годинава ќе биде збогатена со нови различни дела. Во ателјето при Центарот за култура „Антон Панов“ во Струмица веќе почна работната атмосфера. Домашни и странски уметници ги презентираат своите замисли и идеи. На годинашната 53-та струмичка ликовна колонија учествуваат сликари, графичари и мозаичари, а ќе биде изработена и една скулптура. 20-мина уметници од Македонија, Полска, Русија, Германија, Бугарија, Србија и Италија се очекува да создадат околу 50-тина различни дела, со што ликовната колонија во Струмица ќе биде збогатена со над 2600 нови дела. 53-та Меѓународна струмичка ликовна колонија ќе заврши на 12 август, а...

Read More

Општина Конче ќе гради уште една Куќичка на дрво

Општина Конче ќе гради уште една куќичка на дрво. Во близина на старата наскоро ќе никне уште една куќичка, која ќе биде вистинска и привлечна атракција за туристите. Изградена на буково стебло со уникатен стил, прозорци и врати, љубителите на природа ќе имаат можност да ја изнајмуваат и оваа куќичка, која ќе ги нуди сите потребни услови за престој на посетителите. Општина Конче веќе го развива селскиот, планинскиот но и ловниот туризам. Сите оние што ќе ја посетат оваа општина, навистина ќе уживаат во убавините што ги нуди истата. Во меѓувреме, како што рече градоначалникот Благоја Јованов, се работи...

Read More

Намален е бројот на невработени лица во Струмица

Бројот на невработените лица регистрирани во Центарот за вработување во Струмица, значително се намалува. Ако во 2007 година биле евидентирани повеќе од 20.000 невработени лица, годинава нивниот број изнесува околу 11.000, од кои 2900 се активни баратели на работа, а останатите 8300 пасивни баратели на работа. Од Центарот за вработување велат дека причината е тоа што, тие како институција имаат постојано контакт со невработените лица. Организираат обуки преку кои лицата имаат можност да се стекнат со соодветни знаење, а преку истите можат и да се пронајдат во некои од мерките за вработување што ги нуди агенцијата. И податоците на...

Read More

Инсектите се многу активни на високи температури, велат агрономите

Инсектите се многу активни на високи температури, вели професор д-р Душан Спасов. Трипси, пајачиња, бели пеперутки, тута апсолута се само дел од многубројните инсектите кои можат да се јават во овој период од годината.  Затоа земјоделците треба да ги превземат сите заштитни мерки за нивно целосно уништување. -„Земјоделците сеуште мака мачат со уништување на трипсите. Тие се толку штетни и опасни што можат дури да пренесуваат и вирусни заболувања, како на пример кај пиперките, доматите. Кај некои земјоделски култури веќе се присутни и пајачињата, а првите симптоми земјоделците ќе ги забележат на краевите од пластениците, а потоа постепено ќе...

Read More

Струмица има недостиг на кадар во повеќе области

Понекогаш младите не се доволно свесни за својата иднина. Се одлучуваат да студираат било што со надеж дека еден ден дипломата ќе им донесе работа. Но, секогаш не е така. Има многу професии од кои пазарот на труд е презаситен па дипломираните чекаат повеќе години за работа, а има и занимања кои се јавуваат како дефицитарни. Струмица има недостиг на кадар во повеќе области. Најбарани се архитекти, инженери, фармацевти, професори по одредени наставни предмети но и шивачи и заварувачи. Ова се само дел од занимањата кои според Центарот за вработување се барани струки на пазарот на труд. Од Агенцијата...

Read More

42-та Седница на Советот на о.Василево

На денешната 42-та Седница на Советот на општина Василево, советниците ги усвоија сите 13 точки од дневниот ред меѓу кои беа и Кварталните извештаи за реализацијата на Буџетот на општина Василево за периодот 01.01.2016 до 31.06.2016 година. Со мнозинство од осум гласови „за“, донесени беа и Правилникот  за измена и дополнување на Правилникот за систематизација на работните места на ЈОУДГ „Прва радост“, Василево и Правилникот за измена и дополнување на Правилникот за внатрешна организација на работните места на ЈОУДГ „Прва радост“ Василево. Советниците  имаа усогласен став во однос на останатите точки од дневниот ред, така што без дискусија беа...

Read More

Струмичани учеа како да изработат CV и мотивациско писмо

Професионалната биографија треба да биде јасна, оригинална и поразлична од другите со цел да привлече големо внимание. Ова беше констатирано на денешната обука што ја организира Центарот на заедницата при општина Струмица. Ученици, студенти и млади вработени учеа како да изработат CV и мотивациско писмо, а и се запознаа со начинот како треба да се подготват за интервју за работа или прием на факултет. Центарот на заедницата при општина Струмица ќе организира уште две вакви обуки, со цел младите да бидат повеќе конкурентни на пазарот на труд и поблиску да се запознаат со работите што ги нуди бизнис секторот....

Read More

Уште три влашки колиби и првиот мотел ќе никнат покрај Мантово

Влашките колиби кај езерото Мантово се интересна атракција за туристите. Изградени во стар стил, од дрво со бетонска подлога-стануваат се повеќе привлечни за домашните но и странски посетители. Затоа туристичката понуда ќе биде збогатена со изградба на уште три влашки колиби. Сместени на преубава локација, со поглед кон мантовското езеро, шесте дрвени влашки колиби ќе бидат погодни за престој на посетителите. Паралелно се уредува и останатиот простор, се прават летниковци, паркинзи, ќе се поставуваат патокази, а ќе се реализираат и два пристапни пата кои водат до Мантово. Наскоро ќе почне и изградбата на првиот мотел кај Мантово, за што...

Read More

Почна изградбата на улица во населеното место Ангелци

Почна изградбата на улица во населеното место Ангелци. Наскоро жителите од овој крај ќе добијат нова улица поплочена со бехатон плочки, во должина од 200 метри. За оваа инвестиција потрошени се 1 милион и 700 илјади денари, од кои 1 милион и 500 илјади денари обезбедени од Агенцијата за финансиска подршка во земјоделството и руралниот развој, а останатите 200.000 денари од Буџетот на општина Василево. При денешната посета на градоначалникот на општина Василево, Ванчо Стојанов во населеното место Ангелци, тој рече дека во меѓувреме се работи и на уредување на дворното место во Црквата Св.Спас. Од Општина Василево најавија...

Read More

Слаб интерес за органската храна

За разлика од европските земји каде органската храна е актуелна и се продава во големи количини, кај нас интересот е многу мал. Ваквите производи се поскапи од останатите, но сепак има граѓани кои ги купуваат овие производи. Дел од струмичани кои ги анкетиравме рекоа дека граѓаните треба да имаат поголема едукација за органската храна, а некои пак сметаат дека во Македонија не постои ваква храна. Македонија е земја со квалитетни земјоделски производи и има голем потенцијал за органско производство, сметаат земјоделските стручњаци. Но дали органското производство може да заживее во Македонија? Со одредени препарати, земјоделските стручњаци сметаат дека органското...

Read More
Facebook Auto Publish Powered By : XYZScripts.com
%d bloggers like this: