Автор: Јулија Граматикова

Само уште пет дена можете да ги пријавувате дополнителните приходи. Досега во Струмица се поднесени околу 8000 даночни пријави.

Неполна недела за пријавување на дополнителните приходи. Само уште пет дена, граѓаните имаат можност да ги достават годишните даночни пријави. 15 март е крајниот рок за пријавување на остварени дополнителни приходи за 2015 година. Последните податоци на Управата за јавни приходи покажуваат дека досега во Струмица се поднесени околу 8000 даночни пријави. Задолжително поднесете Годишна даночна пријава најдоцна до 15-ти Март 2016 година, доколку во измината 2015 година, сте оствариле дополнителни приходи, односно освен плата или пензија или приход од земјоделска/самостојна дејност, сте оствариле и приходи од: кирии (издавање на имот – закуп или подзакуп); авторски права; индустриска сопственост;...

Read More

 Mила Калајџиева го освои првото место на Државниот натпревар во пишување есеј на француски јазик

Мила Калајџиева го освои првото место на Државниот натпревар во пишување есеј на француски јазик. Таа беше меѓу најдобрите 25 учесници во категоријата класични гимназии. Под менторство на професорката Нада Божијанова, а заедно со своите соученички Солунка Јовова и Алма Усеин, беа најдобрите на традиционалниот натпревар по француски јазик. Ова не е прва награда на ученици од гимназијата „Јане Сандански“. Минатата година и во 2014, гимназијалците повторно беа меѓу најдобрите на натпреварот во пишување есеј по француски јазик. Традиционалниот натпревар во пишување есеј на француски јазик е организиран од страна на Здружението на професори по француски јазик, а истиот...

Read More

Земјоделците да внимаваат при прскање на овошните дрвца

Производителите на овошје  да внимаваат при прскање на своите дрвца. Во овој период кога се врши зимско прскање на истите, тие треба да внимаваат на количините на бакар и инсектициди. Земјоделците препорачуваат, голем број на инсектициди да не се мешаат со бакарни средства, за да не дојде до уништување на целото растение.   За да имаат квалитетно производство, земјоделците велат дека овоштарите пред секое прскање мора да знаат кои фунгициди се мешаат со определени инсектициди.   Најповолен период за зимско прскање на овошните дрвца е периодот до 15 март, велат земјоделците. Сподели:TweetLike this:Ми се допаѓа...

Read More

Климатските услови можат да доведат до рана берба на некои земјоделски култури, велат земјоделците

Климатските услови можат да доведат до рана берба на некои земјоделски култури, велат земјоделците. Доколку се задржат поволните временски услови, Ристо Велков рече дека нема да биде никакво изненадување ако во втората половина на месец март се наберат првите количини на зелка. Ако се повтори ланската години со ниски откупни цени во раноградинарството, Велков смета дека следната производствена година површините засадени со овие култури ќе бидат многу помали. Инаку струмичките земјоделци веќе почнаа со расадување на раноградинарските култури. Иако во изминативе години сеидбата се вршеше покасно, годинава временските услови дозволуваат доматот и краставицата да се расадат порано. Сподели:TweetLike this:Ми...

Read More

Зимското прскање на овошните дрвца да се изврши најкасно до 15 март -порачуваат агроекспертите

Зимско прскање на овошните дрвца, поорачуваат агроекспертите. Според професор д-р Душан Спасов, во овој период се појавува т.н брашнеста штитеста вошка, и доколку не се спречи понатамошниот развој на овој инсект, може да дојде до сериозни оштетувања на растенијата. Најдобро средство против овој инсект е белото масло, вели Спасов. Топлото време доведе до развој на одредени овошни дрвца. Затоа агроекспертите препорачуваат, производителите на овошје да внимаваат на концентрацијата на белото масло и на бакарот, за да не ги оштетат цветовите на растението. Брашнеста штитеста вошка е инсект кој напаѓа повеќе видови овошни дрвца, кива, праска, сливи. Најповолен период за...

Read More

Седларци-едно од најорганизираните села во општина Василево

Седларци се наога во подножјето на планината Еленица, на левата страна од регионалниот пат Струмица-Радовиш-Штип, на надморска височина од 320 метри. Денешното село има старо потекло. Се споменува уште во средниот век, во 1395 година и тоа со името Седларци. Топонимот на населбата е изведен од општата именка „седлар“ во значење на „лице кое се занимава со изработка на седла за добиток“, и од наставката „ци“. На пример работоспособните жители на денешно Седларци, изработувале седла за војничките коњи. Оттука , според легендата, потекнува и името на село Седларци. Со тек на времето, Седларци се развива и прераснува во прекрасна...

Read More

Дојде крајот на топлите и долги денови. Следува постудено и врнежливо време

Дојде крајот на топлите и долги денови. Сонцето, лесната облека, прошетките на отворено, останаа зад нас. Од сега секојдневие ќе ни бидат чадорите и потоплата облека. Метеоролозите најавуваат облачно време проследено со врнежи и температури кои до крајот на неделава ќе се движат околу 20 степени. По утрешното разведрување, четврток повторно ќе донесе облаци и услови за врнежи. Според метеоролозите од петок доаѓа период на наоблачување и намалување на температурите. За викендот ќе преовладува облачно време со врнежи од дожд.  Во текот на наредната недела температурите постепено ќе почнат да опаѓаат, за во сабота да дојдат до максимални 15 степени, додека утринската температура ќе се спушти на 2 степени. Сподели:TweetLike this:Ми се допаѓа...

Read More

Кој ајвар е поефтин, домашниот или купен од продавница?

Цената на пиперката годинава се движи од 25 до 30 денари. Ова е понудата што може да ја добиете речиси на сите тезги на пазарот. Септември е месец кога покрај основните трошоци, граѓаните даваат пари и за зимници. Канал ВИС истражуваше-Колку чини традиционалната македонска зимница-ајварот? Пресметките покажуваат дека едно просечно четиричлено семејство за подготовка на ајварот купува 50 килограми пиперки, а цената на пиперката годинава чини околу 25 денари, тогаш само за пиперки треба да се издвојат 1250 денари. За 50 килограми пиперки потребни се околу 20 црни патлиџани, а тоа ќе ве чини 200 денари. Кога ќе се додадат и маслото 325 денари, како и дрвата потребни за печење на пиперките, излегува околу 2275 денари. Инаку, од 50 килограми пиперки во просек се добиваат околу 28 тегли ајвар, што значи дека една тегла ќе ве чини околу 65 денари. Во продавниците пак една тегла се продава околу 170 денари, што значи повеќето го практикуваат домашниот ајвар. -Вчера бев во продавница и видов дека една тегла ја продаваат за 170 денари. Домашниот ајвар е повкусен, но и поефтин, затоа секогаш го приготвуваме дома-вели струмичанец. Ако на сметката се додаде и работната рака и еден до два дена потрошени за правење, тогаш ајварот навистина е скапа зимница, но и покрај тоа е дел од трпезата на секое македонско семејство. Доколку се земат во предвид и трошоците за лутеница, туршија ,...

Read More

Струмичани се подготвуваат за зимата, го прават традиционалниот македонски специјалитет – ајварот.

Ајвар, лутеница, малиџано, туршија, но и по некоја тегла слатко или компот. Струмичани почнаа да се подготвуваат за зимата. Размислуваат што вкусно да направат оваа сезона, но дел од трпезата на секое семејство, секако ќе биде нашиот најомилен специјалитет – ајварот. Домаќините со мака и мерак ги печат црвените пиперки, а ајварот го подготвуваат во различни варијанти. Ајварот бара многу труд. Печење, лупење, мелење, пржење. Потребни се речиси два дена за да се подготви традиционалниот македонски специјалитет. -Тешко е. Вчера завршивме со печење и лупење, а денес почнавме да го пржиме. Три часа ни се потребни за пржење, а веќе рацете не болат од мешање на ајварот-вели струмичанка. Цената на пиперката годинава се движи од 25 до 30 денари. Пресметките покажуваат дека едно четиричлено семејство за подготовка на ајварот купува 50 до 60 килограми пиперки. Од 50 килограми пиперки во просек се добиваат околу 28 тегли ајвар, а за нив се трошат најмалку 5 килограми зејтин. Ако се направат пресметки само за ајвар едно семејство треба да потроши околу 2000 денари. Доколку се земат во предвид и трошоците за останатите зимници, едно семејство треба да одвои половина просечна плата за подготовка на истите. Сподели:TweetLike this:Ми се допаѓа...

Read More

Прв академски час за околу 300 бруцоши на Универзитетот „Гоце Делчев“ во Струмица

Горди, среќни, но и по малку исплашени. Идните студенти го направија првиот чекор кон животната определба. Денеска почна првиот академски час за околу 300 бруцоши на Универзитетот „Гоце Делчев„ наставен центар Струмица. Ги добија и своите индекси, со што и официјално станаа дел од оваа реномирана високообразовна установа. Според професор Лилјана Колева-Гудева, бројот на студентите запишани на Универзитетот„ Гоце Делчев“- Штип, годинава е намален во однос на претходните години. Најголем интерес има за Медицинскиот факултет и Факултетот за бизнис и логистика. Во Струмица пак интересот е најголем за Правниот, Економскиот, Земјоделскиот и Машинскиот факултет. На ниво на цел универзитет, академската година почна за 2700 нови студенти.   Сподели:TweetLike this:Ми се допаѓа...

Read More
Facebook Auto Publish Powered By : XYZScripts.com
%d bloggers like this: