Автор: Јулија Граматикова

„Градиме мостови“ проект кој ги спои учениците од СОУ „Никола Карев„ и ООУ „Маршал Тито„ Струмица

„Градиме мостови„ е проектот кој ги спои учениците од различна етничка припадност од СОУ „Никола Карев„ и ООУ„Маршал Тито„ од Струмица. Повеќе од три месеци учениците од овие училишта интензивно соработуваат и на тој начин го градат Мостот на довербата. Во проектот кој има за цел да ја зголеми меѓуетничката интеракција, разбирање и интеграција во училиштата, беа вклучени 110 ученика од двете училишта. Тие аплицираа и добија грант, а активноста беше изработка на групна маска и учество на карневалската манифестација во Струмица. „Јин и Јанг„ беше насловена нивната маска, која им ја донесе првата награда во категорија А, групна...

Read More

Со одбележување на тримерските обичаи, завршуваат карневалските празнувања во Струмица

Трет ден по „Прочка“, трет ден од почетокот на големите велигденски пости. Денесека е Тримери, празник посветен на мајките, ќерките, новите поколенија. Со тримерска посна трпеза, музика и песни, Организациониот одбор на струмичкиот карневал, заедно со „Распеани струмичани“ денеска ги одбележа тримерските обичаи. Сарма со ореви, посен грав, леблебија, алва, боза, локум-беа дел од посната тримерска трпеза која беше поставена во Центарот за култура „Антон Панов“ во Струмица. -„Зборот „Тримери“ потекнува од грчки збор кој значи тридневен пост.Првиот ден е чист понеделник, на вториот ден се доделуваат наградите на најдобрите маски од струмичкиот карневал, а третиот ден , денеска,...

Read More

Доделени наградите на најуспешните автори на афоризам и карикатура

Милан Алашевиќ од Словенија е добитник на златната плакета со најдобра карикатура на 19-то издание на Интернационалниот фестивал на афоризам и карикатура. Од околу 200 карикатури од 30 држави тој беше избран за најусешен со својата карикатура. Павел Станчиќ од Полска ја доби сребрената плакета, а годинава, бронзата отиде во рацете на Слободан Бутир од Хрватска. Во рамките на карневалските празнувања, синоќа, во центарот за култура „Антон Панов“ беа доделени и наградите на авторите на најдобрите афоризми по распишаниот конкурс на тема „Карневал и еротика“. Од околу 400 афоризми од седум држави пристигнаа на Меѓународниот фестивал на афоризам и...

Read More

СОУ „Никола Карев„ од Струмица со „Јин и Јанг„ на струмичкиот карневал

Повеќе од 100 ученици од СОУ „Никола Карев„ од Струмица ќе продифилираат низ струмичките улици на утрешниот карневал, а преку игра и забава ќе се обидат доброто и злото да го спојат во едно. „Јин и Јанг„ е насловена нивната овогодишна маска, во која вложија повеќе од три месеци за изработка на истата. На учениците од средното училиште „Никола Карев„ годинава ќе им се приклучат и основците од турската националност од училиштето „Маршал Тито„од Струмица. На овој начин, како што рече директорот, ќе се продлабочи соработката помеѓу овие училишта и ќе се зајакне меѓуетничката интеграција на учениците. Досега, СОУ...

Read More

СОУ „Димитар Влахов„ со „Разиграни кактуси“ на струмичкиот карневал

70 ученици и професори од СОУ „Димитар Влахов„ од Струмица, интензивно работат на подготовка на маската за учество на струмичкиот карневал. Годинава главна инспирација им беше кактусот, со цел, како што велат, да ја симболизираат истрајноста и упорноста на ова растение. По „Струмички ескими„, „Рингишпил„, „Робин Худ„, „Ден и ноќ„, „Сонце и месечина„, средношколците од Димитар Влахов, годинава се одлучија за „Разиграни кактуси„. СОУ „Димитар Влахов„ од Струмица, досега има учествувано на повеќе карневали низ земјава и странство. Во моментов, група ученици со своите професори се гости на карневалот во Птуј, Словенија. Сите маски на средното училиште Димитар Влахов...

Read More

Повеќе од 2000 струмичани се потпишале против промена на името. Според организаторите оваа бројка е незадоволителна

Повеќе од 2000 струмичани се потпишале против промена на името. На пунктот кој е поставен на градскиот плоштад по иницијатива на Здружението „Бранители 2001“, веќе осум дена се собираат потписи за непромена на името. Организаторите велат дека бројката е незадоволителна, и се надеваат дека во наредните денови граганите ќе излезат помасовно и ќе го дадат својот потпис и своето несогласување за промена на името. Целта на иницијативата „Не за промена на името„, е како што велат организаторите, да не се промени името Македонија и да не се изгуби идентитетот и историјата на нашата Република. Потписи против промена на името...

Read More

СОУ „Јане Сандански„ со „Волшебна шума„ на струмичкиот карневал

Самоволи, еднорози, волшебни дрвја ќе ја красат поворката на главната карневалска вечер во Струмица, која годинава ќе се одржи во сабота на 17 февруари. „Волшебна шума„ е насловена маската на струмичката гимназија, која годинава има за цел да прикаже како магијата може да се донесе и во современиот свет. -„Првата идеја за маската ни беше самовили, па еднорози. На крај се одлучивме сите идеи да ги вклопиме во една. Така се роди идејата за „Волшебна шума„ со која маска сакаме да ја донесеме магијата на струмичкиот карневал„, вели професорката Билјана Костадинова. Околу 100-тина ученици заедно со своите професори,повеќе од...

Read More

Обука за промоција на хумани вредности во Црвен крст, Струмица

Младинците од општинската организација на Црвен крст Струмица, се запознаа со проектот „Промоција на хумани вредности“, кој има за цел да ја поттикне самоиницијативноста кај младите за создавање добри дела во општеството. Тие денес беа дел од втората обука која овозможува голем број од учесниците да се вклучат во правење на проекти преку кои ќе лоцираат проблем од социјален карактер и истиот ќе го решат. Симон Андов, националнен инструктур на ПХВ програмата, рече дека преку таквите проекти досега биле решени повеќе проблеми на семејства во социјален ризик. Во просториите на Црвен крст, Струмица утре ќе се одржи третата обука...

Read More

Дебата за пристап до информации и заштита на лични податоци

Бројот на жалби поднесени од страна на физички лица до Комисијата за заштита на правото на слободен пристап до информации од јавен карактер, е во постојан пораст. Најголем број од жалбите завршиле со позитивен исход за барателот на информацијата. Ова значи дека барателот ја добил информацијата после отпочнување на постапката, или пак Комисијата одлучила во корист на баретелот.Вака стои во Извештајот од следење на работата на Комисијата за заштита на правото на слободен пристап до информации од јавен карактер и Дирекцијата за заштита на лични податоци , кој денес беше промовиран пред струмичани. Вака изјави Магдалена Лембовска од Аналитика...

Read More
Facebook Auto Publish Powered By : XYZScripts.com
%d bloggers like this: