Автор: Ване Трајков

Фото: Снимателот на ВИС – најсекси женска на струмичкиот маскенбал

Снимателот на ТВ Канал Вис, Кире Пиличев, беше најпосакувана „жена“ на струмичкиот маскенбал. Ја понесе специјалната награда од организациониот одбор. Речиси сите сакаа да се фотографираат со него, а тој на својот ФБ профил објави фотографија со наслов „Три грации“, посочувајќи дека се чувствува пријатно во друштвото на привлечни жени. Девојките грации во раце држеа микрофони, а Кире кусо рече дека дури и да е жена, неговата работа повторно ќе биде камерата. „Не сум јас за микрофони, дури и само да ги држам, мојата професија е снимателството“, изјави Пиличев.   Сподели:TweetLike this:Ми се допаѓа...

Read More

Утревечер Макс-Нексе за рехабилитација на голманот на Хризонт – Кико

Ракометарите на Макс Струмица утревечер против Нексе од Хрватска го завршуваат настапот од регионалната Сеха лига а играта и приходите од продажбата на билетите ќе ја посветат за рехабилитација на Кристијан Стоилов голман на Хоризонт Турново. Според управата на клубот, сите што имат земено билети за дуелот со Веспрем можат со истиот да го следат и дуелот со Нексе, оние пак кој немаат може да набават во спортската сала а парите ќе се донираат за лекување на Кико. Освен тоа во салата ке бидат поставени и кутии за донирање средства за што од клубот повикаа на хуманост од сите...

Read More

Тренчовски – Подготвени сме за изненадувања во Виареџо !

Фудбалерите од ,,Академија Пандев,, заминаа во Италија каде за првпат ќе учествуваат на реномираниот турнир ,,Виареџо,,. Тие во првата фаза ќе се сретнат со младинските состави на ,,Интер,, и ,,Специа,, од Италија и ,,Апи,,а од Австралија. Стратегот на младите,, пандевци,, Југослав Тренчовски очекува пласман во втората фаза што ке биде огромен успех за Академијата но и привлекување на вниманието на фудбалските менаџери за некои од играчите шти ги има.  ,,Оптимист сум за пласман во втората фаза. Интер е фаворит но не значи дека предвреме ќе се откажеме. Кај играчите има желба за докажување и надмудрување со поранешниот тим на...

Read More

Николов – КФМ сака да го уништи КК ,, Радовиш ,,

Судии, делегати и сите структури на КФМ сакаат да го сотрат КК ,, Радовиш,, Постојано сме на удар на нефер судење и изложени на секакви казни. Ова е ставот на тренерот на КК ,,Радовиш,, Никола Николов кој тврди дека капак било последните случувања на дуелот Тетекс – Радовиш каде радовишани добиле низа технички и нефер судење, само и само тетовскиот состав да слави победа со 2 поени разлика. Како што истакна на прес конференцијата Николов, информирани биле сите структури при федерацијата но никој не превземал соодветни чекори. Не биле доставени записници по натпреварот со оценка на судиите ниту пак...

Read More

Пудлици од Василево ќе шетаат на струмичкиот каренвал

Во изминатите години беа кенгури кокошки, мињони а годинава на струмичкиот каренвал ќе бидат пудлици. Ова е маската што ја изработуваат учениците и наставниците Гоце Делчев од Василево за годинашново карневалско издание закажано во сабота. Повеке од еден месец рачно ја изработуваат маската од детал до детал со цел да бидат највпечатливите на струмичкиот карневал. И додека во кабинетите едни ја креираат маската, други пак ја вежбат кореографијата за саботната промоција. Се учи чекор до чекор со цел автентично да се пренесе пораката што треба да ја пренесат 50 тината ученици кои ќе проефилираат на струмичкиот карневал   Сподели:TweetLike...

Read More

Виареџо тимот на Пандев ремизираше со младинскиот Шампион на Бугарија

Фудбалерите на ,,Академија Пандев,, ја изненадија најдобрата бугарска младинска екипа откако денеска пријателски одиграа 2:2 среде Софија. Во рамките на контролките пред заминувањето на интернационалниот турнир Виареџо Италија, младите ,,пандевци,, ремизираа со ДИТ – Софија која е најдобрата екипа во младинска конкуренција во бугарскиот шампионат.Струмичките млади надежи со головите на Петков и Мишов имаа предност и водство од 2:0 но во финишот од средбата дозволија домакините да дојдат до израмнување. Според информациите ,,Виареџо екипата,, на Академија Пандев одиграле одлично и борбено во текот на целиот натпревар додека младите бугари се изнамачиле да дојдат до мрежата на струмичани кои во...

Read More

Достоинствен пораз на Макс од великанот Веспрем

Ракометарите на Макс Струмица  претрпеа достоинствен пораз од унгарскиот гигант Веспрем, фаворит за освојување на Сеха лигата . Унгарците излегоа со најсилниот состав и направија солидна предност на самиот почеток од средбата, но тоа не ги поколеба домакините  кои на полувреме заминаа со негатива од 9 гола 11:20. И второто полувреме беше со доминација на гостите од Унгарија кои дуелот го завршија со победа од 14 гола разлика што е далеку ,, подобар,, од оној во Веспрем арената каде струмичани измрзнаа со минус 34 Борче Соколов, Мирко Мајиќ и Стефан Чизмовиќ, беа најефикасните кај струмичани во чии редови како...

Read More

Еуромакс ќе гради нов пристапен пат до рудникот над Иловица

Компанијата ,,Еуромакс,, планира изградба на нов пристапен пат до локацијата каде што ќе се наоѓа рудникот за бакар и злато во планината Огражден над селото Иловица. Заради таа причина во наредните недели, ова компанијата ќе врши геодетско снимање на теренот за да се утврдат можните траси за пристапниот пат. Геодетските снимања ќе се спроведат во атарите на селата Штука и Секирник. Резултатите се потребни и за Студијата за изводливост со која сопствениците на земјиштето ќе бидат запознаени со предложените траси и ке се бара нивни мислења и забелешки како сопственици на ниви, низ кои ќе поминува евентуалниот пат. Од...

Read More

Академија Пандев и Интер го отвараат ,,Виареџо Купот,, во Италија

Академија ,,Пандев,, ги привршува подготовките за настап на познатиот интернационален фудбалски турнир ,,Копа карневале,, во Виареџо . Младите на Интер и Специја од Италија и Апија од Австралија се противниците на струмичките фудбалери кои за првпат ќе учествуваат на овој Куп, кој се смета за неформално младинско светско првенство. Со оглед на подготовките фудбалерите оптимисти дека може да се обезбеди пласман во втората фаза. На турнирот во Виареџо учествуваат 32 екипи од целиот свет. По Беласица која со години беше учесник ,сега Академија Пандев е единствениот преставник од Макеоднија. Токму фудбалерите на струмичкиот интернационалец Горан Пандев го отвараат 68...

Read More

Се отвори нова кошаркарска Академија – ,,МВП,, во Струмица

Почна да функционира новата кошаркарска Академија што ја основаа Сашко Масев, Власис Влаикидис и Панајот Карапиперис. Академијата ја именуваа како ,, МВП Струмица,, со цел сите што ќе се зачленат во ова школа, еден ден да станат корисни играчи во кошарката а пред се и корисни личности во општеството. Со децата кои ќе тренираат во спортската сала Парк на почетокот ќе работат Власис Влаикидис и Васко Глигоров за да по извесен период се направи селекција по возраст. Целта на ова Академија е да се формират младински екипи кои од следната сезона ќе се наптреваруваат но и да се придонесе...

Read More
Facebook Auto Publish Powered By : XYZScripts.com
%d bloggers like this: