Автор: Ване Трајков

Виареџо тимот на Пандев ремизираше со младинскиот Шампион на Бугарија

Фудбалерите на ,,Академија Пандев,, ја изненадија најдобрата бугарска младинска екипа откако денеска пријателски одиграа 2:2 среде Софија. Во рамките на контролките пред заминувањето на интернационалниот турнир Виареџо Италија, младите ,,пандевци,, ремизираа со ДИТ – Софија која е најдобрата екипа во младинска конкуренција во бугарскиот шампионат.Струмичките млади надежи со головите на Петков и Мишов имаа предност и водство од 2:0 но во финишот од средбата дозволија домакините да дојдат до израмнување. Според информациите ,,Виареџо екипата,, на Академија Пандев одиграле одлично и борбено во текот на целиот натпревар додека младите бугари се изнамачиле да дојдат до мрежата на струмичани кои во...

Read More

Достоинствен пораз на Макс од великанот Веспрем

Ракометарите на Макс Струмица  претрпеа достоинствен пораз од унгарскиот гигант Веспрем, фаворит за освојување на Сеха лигата . Унгарците излегоа со најсилниот состав и направија солидна предност на самиот почеток од средбата, но тоа не ги поколеба домакините  кои на полувреме заминаа со негатива од 9 гола 11:20. И второто полувреме беше со доминација на гостите од Унгарија кои дуелот го завршија со победа од 14 гола разлика што е далеку ,, подобар,, од оној во Веспрем арената каде струмичани измрзнаа со минус 34 Борче Соколов, Мирко Мајиќ и Стефан Чизмовиќ, беа најефикасните кај струмичани во чии редови како...

Read More

Еуромакс ќе гради нов пристапен пат до рудникот над Иловица

Компанијата ,,Еуромакс,, планира изградба на нов пристапен пат до локацијата каде што ќе се наоѓа рудникот за бакар и злато во планината Огражден над селото Иловица. Заради таа причина во наредните недели, ова компанијата ќе врши геодетско снимање на теренот за да се утврдат можните траси за пристапниот пат. Геодетските снимања ќе се спроведат во атарите на селата Штука и Секирник. Резултатите се потребни и за Студијата за изводливост со која сопствениците на земјиштето ќе бидат запознаени со предложените траси и ке се бара нивни мислења и забелешки како сопственици на ниви, низ кои ќе поминува евентуалниот пат. Од...

Read More

Академија Пандев и Интер го отвараат ,,Виареџо Купот,, во Италија

Академија ,,Пандев,, ги привршува подготовките за настап на познатиот интернационален фудбалски турнир ,,Копа карневале,, во Виареџо . Младите на Интер и Специја од Италија и Апија од Австралија се противниците на струмичките фудбалери кои за првпат ќе учествуваат на овој Куп, кој се смета за неформално младинско светско првенство. Со оглед на подготовките фудбалерите оптимисти дека може да се обезбеди пласман во втората фаза. На турнирот во Виареџо учествуваат 32 екипи од целиот свет. По Беласица која со години беше учесник ,сега Академија Пандев е единствениот преставник од Макеоднија. Токму фудбалерите на струмичкиот интернационалец Горан Пандев го отвараат 68...

Read More

Се отвори нова кошаркарска Академија – ,,МВП,, во Струмица

Почна да функционира новата кошаркарска Академија што ја основаа Сашко Масев, Власис Влаикидис и Панајот Карапиперис. Академијата ја именуваа како ,, МВП Струмица,, со цел сите што ќе се зачленат во ова школа, еден ден да станат корисни играчи во кошарката а пред се и корисни личности во општеството. Со децата кои ќе тренираат во спортската сала Парк на почетокот ќе работат Власис Влаикидис и Васко Глигоров за да по извесен период се направи селекција по возраст. Целта на ова Академија е да се формират младински екипи кои од следната сезона ќе се наптреваруваат но и да се придонесе...

Read More

Макс Струмица утре против унгарскиот гигант Веспрем

Во рамките на претпоследното коло од регионалната СЕХА лига, струмичките рисови утре во спротската сала Парк, го пречекуваат унгарскиот Веспрем. Во овој дуел фаворити се гостите од Унгарија  во чии редови се познатите ракометари  Илич, Наџ, Палмерсон, Алилович. На прес конференцијата Ванчо Трендафилов и Крсте Костоски најавија достоинствен отпор на великанот кој ова сезона атакува и на титулата во Лигата на шампиони. Еве што истакнаа на прес конференцијата Сподели:TweetLike this:Ми се допаѓа...

Read More

Фото – Сообраќаен знак закован на топола

Жителите од струмичко Сушево се одлучиле сообраќајниот знак до нивното село да го заковат на топола, бидејки основата постојано се крадела. Знакот е поставен на магистралниот пат Струмица Радовиш со цел учесниците во сообраќајот да знаат дека на пет километри од патот се наоѓа нивното село. Според жителтие на Владевци каде е стациониран патоказот на топола, велат дека речиси цела година никој нема интервенирано прописно да биде поставен овој знак. Сподели:TweetLike this:Ми се допаѓа...

Read More

Струмичанецот Димитар Пандев ја освојува Евро лигата во кошарка за млади

Струмичанецот Димитар Пандев со Луксембуршката Баскетбол Академија го освои првиот турнир од младинската Евро лига. Во ова натпреварување учестуваат 16 екипи од повеќе држави а ЛББА предводени од српскиот тренер Дарко Ристиќ успеа да направи изненадување и да забележат пет победи против тимови од Латвија Унгари ја Полска Русија Шведска . Тимот на 17 годишниот Пандев кој веќе втора година е во Луксембург се наога во групата Д која на турнирот во Латвија вкрстуваше со екипите од групата Б. До Фајнл форот закажан во април идната година, тимот на Пандев треба да се сретне и со тимовите и од останатите групи и тоа на турнир во Белорусија закажан во Ноември и турнир во Русија закажан во Февруари. Најдобрите 4 тимови од турнирите ке разигруваат за европски младински првак. Димитар Пандев кој настапуваше на сите натпревари во Латвија во просек има по 10 поени, 8 скока. Во групата е прогласен за најдобар блокер. Младиот Димитар, кој потекнува од спортското семејство Пандеви, својата кариера ја започна во тимовите од Струмица за да две години ги брани боите на Јуниор во Скопје од каде замина за Луксембург. Паралелно тој е член и на македонската кошаркараска репрезентација до 18 години Сподели:TweetLike this:Ми се допаѓа...

Read More

Макс најавуваше победа но се спаси од пораз – реми со Борац од Босна

Макс Струмица одигра нерешено 30:30 против Борац Бања Лука синоќа во спортската сала Парк. Иако најавуваа прва победа во регионалата Сеха лига, струмичани на крај се спасуваа од пораз. Противникот имаше предност во финишот од дуелот  од два гола но ,, рисовите ,, за една минута двата ја затресоа мрежата на гостите за реми и нов бод на салдото во ова регионално натпреварување. Ова беше шести натпревар во СЕХА лигата за струмичани и второ реми покрај четирите порази.Без победа е и Борац, тим за кој ова беше само втор дуел во регионалното натпреварување.Најефикасен кај Струмица Макс беше Реваз Чантурија со 13 погодоци, додека кај Борац Даворин Вујовиќ имаше шест реализации.Следниот натпревар за Струмица е на 22 октомври против Спартак на гостински терен. Сподели:TweetLike this:Ми се допаѓа...

Read More

Екс голманот Јане Николовски нов тренер на Хоризонт Турново

Јане Николовски, поранешниот македонски репрезентативен голман го превзема кормилото на прволигашот Хоризонт од Турново, откако на ова позиција кусо беше екс селекторот Никола Илиевски – Џиџи. Хоризонт Турново во овој шампионат не оствари забележителни резултати . Со само пет бодови е на осмата позиција на прволигашката табела. Тој ке има за задача го консолидира тимот и го врати на победничките патеки. Првата шанса Јане Николовски ја има веќе следното коло против фенерџијата ,,Металург,, Николоски летово беше тренер на кипарски Арис Лимасол, но по нецели два месеци го напушти клубот. Поранешниот репрезентативен голман по завршувањето на фудбалската кариера беше тренер и на прилепска Победа. Сподели:TweetLike this:Ми се допаѓа...

Read More
Facebook Auto Publish Powered By : XYZScripts.com
%d bloggers like this: