Автор: Сузана Мицева

Ќе се воведе единствен број за итни повици

Владата на денешната седница ја усвои информацијата за потребата од воспоставување единствен комуникациско-информативен систем со единствениот европски број за итни повици Е-112 во Република Македонија. „Владата го задолжи Центарот за управување со кризи во наредниот период заедно со неколку надлежни министерства, како и институции, да најде начин за обезбедување финансиски средства потребни за реализација на активностите“, се вели во соопштението. извор: makfax.com.mk Сподели:TweetLike this:Ми се допаѓа...

Read More

Ден Дончев реизбран за в.д. директор на Фондот за здравство

Ден Дончев на денешната владина седница е реизбран на позицијата в.д. директор на Фондот за здравствено осигурување. Дончев на оваа функција дојде во август минатата година на местото на разрешениот директор Сашо Стефаноски. Дончев на изборите на 11 декември во 2016 година беше носител на листата во Првата изборна единица од коалицијата „ВМРО за Македонија“. Тој е поранешен генерален секретар на ВМРО-ДПМНЕ и поранешен директор на „Телеком“. извор: makfax.com.mk Сподели:TweetLike this:Ми се допаѓа...

Read More

Јаневски: Општина Струмица ќе продолжи да создава живот без бариери

Општина Струмица денеска ги промовираше резултатите од проектот „Специјално патничко возило за сите ранливи групи во општина Струмица“ во просториите на домот на АРМ. На промоцијата, а на која присуствуваа претставници на здруженијата од социјалната област и родители на деца со посебни потреби, зборуваше градоначалникот Коста Јаневски, кој ги потврди заложбите негови и на Општината, за подобрување на условите за живот на сите ранливи групи граѓани и создавање на живот без бариери. -Водејќи се од принципите на рамноправност, еднаквост и солидарност, општина Струмица води континуирана грижа за сите категории граѓани, а посебно за оние на кои им е потребна...

Read More

Почувствуван земјотрес во Југоистокот

Земјотрес со јачина од 3,8 степени според Рихтер е регистриран во 10 часот и 13 минути во Грција, а потресот бил почувствуван во Дојран и поголемиот дел од југоисточна Македонија. „Денеска во 10 часот и 13 минути е регистриран земјотрес чиј епицентар потекнува од дојранското епицентрално подрачје. Епицентарот на земјотресот се наоѓа на 15 километри источно од Дојран во соседна Грција. Рихтеровата магнитуда на земјотресот изнесува 3.8, а беше почувствуван од населението во Дојран и околината“, информира Сеизмолошката опсерваторија при Природно-математичкиот факултет во Скопје. Потресот со помал интензитет бил почувствуван и во Гевгелија, Валандово, Струмица и Штип и останатиот дел на југоисточна Македонија. извор: makfax.com.mk  Сподели:TweetLike this:Ми се допаѓа...

Read More
Facebook Auto Publish Powered By : XYZScripts.com
%d bloggers like this: