Автор: Сузана Мицева

Се чистат каналите во Дабиле

Јавното претпријатие за комунални дејности „Комуналец“ денеска работеше на каналите во населеното место Дабиле заедно со АД Водостопанство на Република Македонија, подружница „Струмичко поле“. Освен што се чистеа, на одредени места на каналската мрежа се поставуваа и цевки за полесно истекување на водата. Сподели:TweetLike this:Ми се допаѓа...

Read More

Две мерни станици за споредба на резултатите од загадувањето во Струмица

Загадувањето во Струмица ќе се мери со две мерни станици поставени на различни локации во централното градско подрачје. Според градоначалникот Јаневски, првата станица којашто е поставена во кругот на општата болница во Струмица, се наоѓа во простор со голем број станбени згради но и големи загадувачи, што може да е причина за покачените вредности на пм10 честичките во одредени периоди од денот. Дали овие вредности соодветствуваат со останатиот дел од градот ќе споредуваат со поставување на втората мерна станица којашто ја изработи лабораторијата Амбикон при Универзитетот Гоце Делчев. Таа наскоро треба да биде поставена на градскиот плоштад. Според резултатите...

Read More

Валандовскиот градоначалник повреден во сообраќајна несреќа

Градоначалникот Перо Костадинов попладнево околу 18 часот е повреден во сообраќајна несреќа, којашто се случила на патот Удово-Демир Капија, по излезот од тунелот. Според неофицијални информации, Костадинов е полесно повреден, додека пратеничката Мери Лазарова којашто исто така била во автомобилот е потешко повредена и е префрлена во Ургентниот центар во Скопје. Засега не се знаат детали, како дошло до сообраќајната несреќа и кој го управувал автомобилот во кој биле високите функционери на СДСМ. Повеќе информации за несреќата во текот на наредните часови. Сподели:TweetLike this:Ми се допаѓа...

Read More

Градоначалникот Јаневски за загадувањето во Струмица: Ја следиме состојбата, нема простор за паника

Според првиот човек на Струмица, општинските служби ги следат редовно вредностите на загадувањето што ги покажува мерната станица и засега нема простор за паника. Јаневски во интервју за емисијата Vis a Vis којашто ќе се емитува вечерва во 20.30 часот рече дека одговорно и посветено се однесуваат кон овој проблем. Сподели:TweetLike this:Ми се допаѓа...

Read More
Facebook Auto Publish Powered By : XYZScripts.com
%d bloggers like this: