Автор: Катерина Дафчева

За „Чист понеделник“, бел грав во триипол тонски казан

Во триипол тонски казан се свари белиот грав на струмичкиот плоштад. Струмичани, достојни на традицијата, го одбележаа почетокот на велигденскиот пост како дел од карневалските празнувања. На плоштадот „Гоце Делчев“ граѓаните пробаа од белиот фасуљ, без кој не може да се замисли првиот ден од постите, Чист понеделник. Градоначалникот на Струмица, Коста Јаневски истакна дека оваа манифестација носи своја симболика во обединувањето на граѓаните во еден заеднички настан. Организатор на настанот е сограѓанинот и угостител Бранко Младенов. Идејата ја добил годинава во Охрид, каде што се варела рибарската чорба. Казанот го донесе и во Струмица. Кулинарските активности во рамки...

Read More

Објавени наградените на годинешниот Струмички карневал- кои се најдобрите?

Врз основа на така добиените резултати жири комисијата го утврди следниот Ранг на маскираните групи по категории, за што донесе Одлука: За категорија А: групна маска со 50 и повеќе лица 1-ва награда, маска со реден број 9, “Јинг и Јанг’ СОУ „Никола Карев“ –Струмица, во висина од 1.000 евра во денарска противвредност; (65 бода) 1-ва награда, маска со реден број 19 „Волшебна шума“,СОУ „Јане Сандански“ –Струмица, во висина од 1.000 евра во денарска противвредност; (65 бода) 2-ра награда, маска со реден број 1 „Разиграни кактуси СОУУД “Димитар Влахов’ Струмица , во висина од 900 евра во денарска противвредност;...

Read More

Џиновски казан за гравот на Чист понеделник

На градскиот плоштад веќе е наместен казанот во кој ќе се вари гравот, како дел од одбележувањето на Чист понеделник и програмата на Струмичкиот карневал. Во казанот ќе се подготви грав за околу 3 илјади порции. Иницијативата е на струмичанецот и годинашен спонзор на оваа манифестација, Бранко Младенов кој идејата ја добил од Охрид од каде што и го изнајмиле казанот. Сподели:TweetLike this:Ми се допаѓа...

Read More

Пораст на туристичката посетеност на Македонија, во Југоистокот најбројни бугарските и грчките туристи

Во 2017 година во однос на 2016 процентот на зголемување на државно ниво изнесува 16,6%, а дури 23,5% е зголемен кај странските гости. Гостите од Бугарија и од Грција се најбројните кои го посетуваат југоистокот, покажуваат бројките на Државниот завод за статистика. Во очекување на деклемвриските анализи, во ноември 2017 година, Струмица ја посетиле  324 Бугари, а Дојран 46. Само во ноември, во Струмица имало 2.131 гостин, од кои 1.532 домашни. Во Дојран пак, тој месец одморале 507 туристи од кои 306 домашни. Токму оваа релација на најпосетеност од источните соседи, овозможува Струмица и југосточниот регион да ги развиваат мрежите за туристичка соработка и понуда на двете страни од границата. Особеностите на руралниот туризам и неговите специфики го прават југоистокот примамливо место за гости. Обединувањето на сета таа понуда во една платформа со почитување на меѓународните стандарди е чекор поблиску до зголемување на атрактивноста на поднебјето. Во Струмица, на второ место се гостите од Србија, Грција, а во ноември имало и туристи од Косово, Турција, Русија, Полска, Унгарија, Шпанија. Одржувањето на Струмичкиот карневал неделава ќе го зголеми и туристичкиот рејтинг на градот, каде сите хотелски капацитети се резервирани до последно место.   Сподели:TweetLike this:Ми се допаѓа...

Read More

Видео: Бизнис лаб 3

Во третата емисија БИЗНИС ЛАБ, повеќе за маркетингот и банките, конференцијата за контролинг и интересни вести од светот на бизнисот. Погледнете во видеото   Сподели:TweetLike this:Ми се допаѓа...

Read More

Од реколта 2017 година повисоки субвенции за тутунот- тутунарите од регионот ќе анализираат, па ќе го кажат својот став

Зголемување на субвенциите за тутунот, за помагање на производителите и стимулирање на оваа индустриска култура. Вака министерот за земјоделство ги најави реформите во субвенционирањето на тутунот кои ќе стартуваат со реколатата од минатата година. Николовски истакна дека висината на субвенциите ќе се доделува согласно класата на тутунот. Од здруженијата на тутунопрозиводители до струмичко, велат дека ќе ги анализираат измените, по што ќе го кажат својот став. За годинава најверојатнно ќе има и нови откупувачи, велат тие, најавувајќи повеќе детали деновите. Ресорниот министер, од друга страна истакна дека политиките за развој на тутунопроизводството, нема да ги темелат само преку зголемените...

Read More

Притвор за жител на Пирава за полов напад врз малолетник

Секторот за внатрешни работи Струмица – Надворешна канцеларија за криминалистички работи Валандово, до Основното јавно обвинителство во Велес, поднесе известување поради основано сомневање за сторено  кривично дело „Полов напад врз малолетник кој не наполнил 14 години“ предвидено во чл.188 од КЗ на РМ. Имено,  на ден 05.02.2018 година во ПС од ОН Валандово пријавено е полов напад врз малолетник кој не наполнил 14 години, против лицето Ц.А (55) од с.Пирава. Од страна на јавен обвинител во Велсе дадени се насоки за постапување. извршен е  разговор со дете-жртва на полово дејствие во присуство на родител и социјален работник. По  наредба на ОЈО-Велес  пријавеното лице на 06.02.2018 година е лишено од слобода и  предадено во ОЈО – Велес за  прибирање на информации со цел навремено откривање, разјаснување и докажување на пријавеното кривично дело. По наредба на судија на претходна постапка на пријавениот  му е одреден притвор во траење од 30 денa. Сподели:TweetLike this:Ми се допаѓа...

Read More

Кривична за струмичанец кој сексуално се самозадоволувал на трим патеката

Секторот за внатрешни работи Струмица до Основното јавно обвинителство Струмица, поднесе кривична пријава против Р.Џ (28) од Струмица, поради постоење на  основано сомневање дека пријавениот сторил кривично дело „задоволување на полови страсти пред друг“, казниво по член 190 став 1 од Кривичниот законик на Република Македонија, стои во писмената информација од СВР Струмица. На 03.02.2018 година околу 10.00 часот, додека пријавителката  заедно со нејзина другарка од Струмица оделе пеш по трим патеката од Ловен Дом кон манастирот „Св.Илија“, го забележале Р.Џ. полулегнат на една клупа во близина на Иванова Чешма. Кога ги здогледал, Р.Џ. го соблекол долниот дел од...

Read More

На Југоистокот 30 производи и автохтони растителни видови во опасност од исчезнување

На повеќе од триесетина карактеристични традиционални производи и автохтони растителни видови во југоисточниот регион им се заканува исчезнување. Ова го покажале анализите на Здружението „Слоуфуд“ кое работејќи со партнери од Дојран, Валандово, Богданци и Гевгелија ги детектирале проблемите и опасностите кои висат над овои производи. Колешинските кикиритки, гравот собра, грозјето црвен валандовски тринок, белото зимско грозје, четири стари сорти калинки, дуњите, како и преработените растителни прозиводи, пите, пекмез, струмичката мастика и анасонката се наоѓаат на интернационалниот онлајн каталог за традиционални и автохтони производи. Потребна е нивна заштита со некоја од меѓународно признатите ознаки за потекло, заштитена географска ознака или...

Read More

Струмица и Валандово меѓу шесте општини кои добиваат грант од 400 илјади долари

Градоначалниците и претседателите на советите на шесте општини: Струмица, Вландово, Свети Николе, Велес, Чаир и Охрид во присуство на министерот за локална самоуправа, Сухејл Фазлиу, министерот за финансии Драган Тевдовски , амбасадорката на Швајцарија Сибил Зутер Техада и постојаната претставничка на УНДП, Луиза Винтон  денеска потпишаа Меморандуми за соработка, во рамките на Проектот за зајакнување на општинските совети. -Овој проект се реализира во време кога им е најпотребен на членовите на општинските совети, на почетокот на мандатот. Значаен е затоа што за прв пат е посветено сериозно внимание на Советот на општината, орган, кој што има исклучителна улога како...

Read More
Facebook Auto Publish Powered By : XYZScripts.com
%d bloggers like this: