Автор: Илија Шулев

„Златна петорка“ на фестивалот SEE à Paris

По неодамнешната проекција на македонскиот филм „Златна петорка“ во култното берлинско Кино „Бабилон“, вечерва во познатото Кино „Ентрепот“ во Париз, во присуство на режисерот Тренчовски, со проекцијата на „Златна петорка“ се отвора фестивалот SEE à Paris, манифестација посветена на кинематографиите на земјите од Југоисточна Европа. Филмот „Златна петорка“ досега успешно е прикажан на фестивали во Лондон, Сиднеј, Торонто, Бенгалур, Москва, Перуџа, Берлин, Битола, а наскоро ќе има низа регионални фестивалски претставувања, како и промоција во САД. Во Москва филмот се закити со специјална диплома од жирито, а во Перуџа доби „Златен грифон“ и беше прогласен за најдобар странски филм....

Read More

Огласник – Интер Експорт ДОО- Струмица

Фабрика за производство на мебел Интер Експорт ДОО- Струмица има потреба од работници со или без работно искуство за работа во лакирница. Тел. за контакт : 034/346-976 , 070/812-034   Сподели:TweetLike this:Ми се допаѓа...

Read More

Ердоган му се извини на Путин

Владимир Путин доби писмо во кое турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган се извинува за смртта на рускиот пилот што беше убиен кога руски борбен авион беше соборен над сириско-турската граница, во ноември минатата година, соопшти Кремљ. Ердоган изразил спремност за обновување на односите со Москва, рече денеска портпаролот на Кремљ, Дмитриј Песков, пренесе РT. „Шефот на турската држава изрази длабоко сочувство до роднините на починатиот рускиот пилот и рече: ‘Извинете’“, рече Песков. Во своето писмо Ердоган ја нарекува Русија „пријател и стратегиски партнер“ на Анкара, со кој турските власти не сакаат да ги расипат односите. „Никогаш не сме имале...

Read More

Папата предупредува на можна „балканизација на Европа“ по Брегзит

Папата Франциско предупредува на можна „балканизација“ на Европа по референдумот во Британија на кој беше изгласано напуштање на Европската унија. Папата ја повика ЕУ да изнајде креативни нови начини да остане заедно давајќи им на државите повеќе слобода. Во изјава дадена за новинари на лет до Ерменија, папата укажа дека Шкотска и Каталонија може по брегзит, да се залагаат за сецесија, што може да предизвика „балканизација на Европа“. Папата ги повика европските лидери да бидат отворени за „креативност и здрава разединетост“ што би значело дека државите од ЕУ би имале „повеќе независност и слобода“. Зборуваќи за големата невработеност и...

Read More

Дејвид Камерон поднесе оставка

Британскиот премиер Дејвид Камерон денеска соопшти дека си заминува од функцијата. Се борев за оваа кампања на единствениот начин на кој што знаев, дикретно и страствено. Мислам дека на земјата ѝ е потребно ново лидерство. Нема да биде во ред за мене да се обидам да бидам капетан кој ја управува земјата на нејзината следна дестинација -изјави Камерон. Тој додаде дека ќе продолжи да ја врши позицијата во наредните неколку месеци. Неименуван помошник во кабинетот на Камерон денеска изјави дека по вчерашната референдумска одлука за напуштање на ЕУ, Велика Британија сега се наоѓа на „непозната територија“. Ние сега сме...

Read More

Британија изгласа напуштање на ЕУ

Иако не се пребројани сите гласови на британскиот референдум, речиси е сигурно дека Британците гласале да ја напуштат Европската унија (ЕУ). BBC и Sky News уште од 05.00 часот утринава прогласија победа на опцијата која се залагаше за напуштање на „друштвото на европските народи“. Според прогнозите на истите извори 52 отсто од Британците гласале нивната држава да ја напушти ЕУ и дека оваа бројка ќе остане бидејќи не се очекува да дојде до некакви драматични промени во финалното пребројување на гласовите. На референдумот излегле речиси 72 отсто од жителите на Велика Британија, околу 15 милиони гласале Велика Британија да...

Read More

Рекордни 65,3 милиони бегалци во светот во 2015 година

Бегалците и раселените лица во светот, кои избегале од конфликти и репресии, достигна рекорден број од 65,3 милиони лица во 2015 година, соопшти од Високиот комесаријат на ОН за бегалци (УНХЦР). Како што јави ДПА, според УНХЦР, конфликтите и прогоните во земји како Сирија и во Авганистан, се основниот фактор за зголемувањето на бројот на бегалци и раселени лица. Годишната статистика на УНХЦР покажува дека лани прв пат е преминат прагот од 60 милиони бегалци и мигранти, односно, во просек еден на секои 113 лица во светот е потенцијален азилант, внатрешно раселено лице или бегалец. Првиот човек на УНХЦР,...

Read More
Facebook Auto Publish Powered By : XYZScripts.com
%d bloggers like this: